Македонската женска У-19 фудбалска репрезентација забележа и трета победа на квалификацискиот турнир од втората рунда на Б лигата и со максимален учинок обезбеди промоција во најквалитетната А лига.Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска го победија Велс со 2:1 и стигнаа до максимални девет бода, откако претходно ја совладаа Литванија, како и домаќинот Молдавија во првото коло.Петкова уште во 2. минута донела предност за Македонија, Френсис израмнила за Велс во 21. минута, а решавачкиот гол е постигнат преку Села во 50. минута од средбата.Со освоеното прво место во групата, македонската репрезентација си обезбеди место во првата квалификациска рунда на А лигата во сезоната 2024/25.
Поврзани објави
Пелистер се врати во Прва лига, Беса го „наполни“ Тетекс!
Водечката екипа во ВМФЛ, екипата на Беса 1976 убедливо слави над Тетекс во рамките на 28. коло. Се слави и во Битола бидејќи Пелистер со триумф…
04.05.24 14:01
Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда
Јаник Синер нема да настапи на претстојниот мастерс тениски турнир во Рим поради повреда на колкот. Италијанецот се…
04.05.24 13:48
Далас ги елиминираше Клиперс, Орландо се избори за мајсторка со Кливленд
Далас се пласираше во полуфиналето во Западната коннференција во НБА-лигата по победата од 114-101 против Лос Анџелес клиперс.…
04.05.24 09:24