Парламентарни избори: ВМРО над 260 илјади гласови, ДУИ скоро 100 илјади, СДСМ речиси 90 илјади

ДИК излезе со првичните резултати од денешните парламентарни избори. Според обработени 68,42 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 260.865 гласови (40,47%), Европски фронт на ДУИ 99.578 (16,27%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „ВЛЕН“ 80.640(13,31%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 89.537 (14.09 %).

Левица има 42.352 (6,56%), а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија 32.084 (4,89%). Според податоците на ДИК, по преброените гласови од 2231 изборни места, политичката партија Нова Алтернатива на Данела Арсовска освоила 1.614 гласа, додека пак, ГРОМ на Јакимовски има освоено 2.141 глас.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Поврзани објави
Total
0
Share