Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција

Демократската унија за интеграција во Изборниот штаб во Мала Речица излезе со првични резултати од денешното гласање според кои Европскиот фронт пред албанската опозиција со 30.000 гласови.

,,Во Струга Дебар, Врапчиште, Куманово и Липково Европскиот фронт води пред албанската опозиција два спрема еден, во Кичево 5 спрема 1, а водиме и во тетово и во некои други општини, изјави Адеми на прес-конференција.

ДУИ очекува над 20 пратеници во Парламентот.

Поврзани објави
Total
0
Share