ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Резултатите од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 62,18 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 227.944 (40%), Европски фронт на ДУИ 92.869 (16,41%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 76.172 (13,46%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 77.658 (13,79%).

Лeвица има 37.012 гласови, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 27.689 . Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Поврзани објави
Total
0
Share