Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда

Јаник Синер нема да настапи на претстојниот мастерс тениски турнир во Рим поради повреда на колкот. Италијанецот се надева дека ќе биде фит за Ролан Гарос.

Синер денеска преку социјалните мрежи објави дека нема да настапи во Рим поради тоа што и натаму е повреден. Тој се повлече пред четвртфиналето на мастерсот во Мадрид и не го одигра дуелот со Феликс Оже Алиасим поради проблеми со колкот.

Вториот светски тенисер вели дека сега неговата цел е да биде целосно фит за настап на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос. Оваа 2024 година Синер игра во фантастична форма и има скор од 25 победи и два порази  и три освоени титули, Австралија Опен, Ротердам и Мајами.

На мастерсот во Рим нема да настапи ниту Карлос Алкараз, кој вчера објави дека се повлекува поради повреда на раката. Засега Новак Ѓоковиќ се очекува да игра на овој турнир во италијанскиот главен град.

Поврзани објави
Total
0
Share