Новиот „дрим-тим“ на САД цели кон злато: Кари, Леброн, Ембид, Дејвис…

Добро упатениот медиум „ЕСПН“ го откри списокот на кошаркари за кои веќе Стив Кер се реши дека ќе ги носи со олимписката репрезентација на САД во Париз. Нема сомнеж дека одново Американците се враќаат како прв фаворит, откако на претходниот Мундијал останаа дури и без медал. 

Кер овојпат нема да препушти ништо на случајност и во Париз на Олимписките игри ќе носи страшен „дрим-тим“. Според „ЕСПН“, тренерот на Голден Стејт и селектор на САД веќе се одлучил за 11 од 12 места на списокот за турнирот. 

Листата ќе ја предводат Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џоел Ембид, Ентони Дејвис… 

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз се игра од 27 јули до 11 август. САД е во групата Ц со Србија, Јужен Судан и уште еден квалификант.

Поврзани објави
Total
0
Share