Хамас ќе ослободи само 18 заложници доколку Израел не ја прекине војната

Хамас вели дека ќе ослободи само 18 заложници доколку Израел не се согласи да стави крај на војната, објави Си-Ен-Ен во вторникот.Медиумот исто така, посочува рече дека Хамас одбил да ослободи само живи заложници во првата фаза од договорот и инсистирал на тоа дека доколку 33 заложници бидат ослободени, тие ќе вклучат и некои од убиените. Терористичката група, исто така, бара Израел да не може да се спротивстави на ослободување на кој било затвореник од своите затвори, отворајќи го патот за ослободување на Марван Баргути, кој е во затвор повеќе од 20 години откако беше осуден за повеќекратни убиства. Тој се смета за водечки кандидат за замена на претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас.Меѓу пријавените барања на исламистичката терористичка фракција било и да се дозволи Палестинците кои Израел ќе ги ослободи, да останат на Западниот Брег и да не бидат протерани во Газа како што бара Израел. Хамас бара ослободување на 20 Палестинци– за секој ослободен израелски заложник и 40 – за секоја жена војник.Најавеното одобрување на прекинот на огнот од страна на Хамас, кое беше објавено во понеделникот, не го спречи почетокот на израелската акција во Рафах. Израел го отфрли барањето за прекин на војната и вели дека Хамас дал радикален предлог, кој не бил прифатлв. Сепак, израелска делегација ќе присуствува на разговорите во Каиро, поради обвинувањата дека САД му „поставиле стапица“ на Израел.Претходните извештаи тврдеа дека според предлогот на Хамас, првата фаза од договорот ќе трае 42 дена, при што Хамас ќе ослободи 33 израелски заробеници, вклучувајќи жени (цивили и војници), деца (на возраст под 19 години кои не се војници), возрасни (над 50 години), како и болни и повредени цивили.Хамас би ослободил 3 заложници на третиот ден од договорот, потоа уште три на секои 7 дена и на крајот сите останати. Доколку бројот на живите израелски заложници не достигне 33, Хамас ќе ја надополни разликата со вратени тела од истата категорија. Во втората фаза, сите преостанати живи израелски мажи, цивили и војници ќе бидат ослободени. Во третата и последна фаза ќе има размена на тела и посмртни останки.Во понеделникот, Воениот кабинет повторно се состана за да утврди дали делегацијата што оди во Каиро ќе добие мандат да води преговори. Кабинетот едногласно одлучи „дека одговорот на Хамас е слаб и Израел не може да го прифати“.

Поврзани објави
Total
0
Share