Израел започна голема воена офанзива против силите на Хамас во Рафа

Израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа, прекинувајќи ја клучната рута за помош за веќе изгладнетиот Појас Газа.На снимката објавена од израелските одбранбени сили (ИДФ) се гледаат тенкови кои носат големи израелски знамиња и го кршат бетонскиот знак „Ја сакам Газа“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека офанзивата ќе продолжи се додека силите на Хамас во Рафа „и целиот Појас Газа“ не бидат „елиминирани“ или додека милитантната исламистичка организација не почне да ослободува заложници.„Ова е почеток на нашата мисија да ги уништиме последните четири бригади на Хамас во Рафа. Во тоа не треба да се сомневате“, изјави владиниот портпарол.Израелската операција беше започната неколку часа откако лидерите на Хамас објавија дека ќе го прифатат неодамнешниот предлог за прекин на огнот, изнесен од катарските и египетските посредници.

Поврзани објави
Total
0
Share