Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Три лица се повредени во округот Ланкастер во американската сојузна држава Небраска кога торнадо урна индустриска зграда во која се наоѓаа 70 луѓе, а сите се евакуирани, соопштија властите.

Неколку торнада ги погодија Небраска и американската сојузна држава Ајова во петокот, а најразорните ги погодија северозападните предградија на Омаха, град со 485.000 жители.Торнадото оштети стотици куќи и други згради, а околу 10.000 потрошувачи во областа останаа без струја, пренесува АП.

Поврзани објави
Total
0
Share