Уапсен е неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.Утринава полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Ѓаковска.Таа извести и дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76 – годишно лице, по кое се уште се трага.Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.
Поврзани објави
Агелер: Срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот профил на Икс упати честитка по повод победата на Гордана СИлјановска…
09.05.24 12:52
Ескобар е загрижен за Приштина и доаѓањето на Си Џинпинг во Србија
Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска…
09.05.24 12:47
На 12 мај напладне ќе се одржи седница за инаугурација на Силјановска
Седницата за инаугурација на победничката на претседателските избори Гордана Сиљановска–Давкова ќе се закаже за 12 мај, в недела.…
09.05.24 11:24