На 12 мај напладне ќе се одржи седница за инаугурација на Силјановска

Седницата за инаугурација на победничката на претседателските избори Гордана Сиљановска–Давкова ќе се закаже за 12 мај, в недела.

Претседателот на Собранието Јован Митрески вели дека го чека официјалниот извештај од Државната изборна комисија ((ДИК) за резултатите од изборите за нова шефица на државата, кои се одржаа вчера и веднаш ќе ја закаже седницата за в недела во 12 часот. Тогаш пред пратеничкиот состав во заминување, Сиљановска-Давкова ќе треба да ја положи заклетвата.Рокот на ДИК да ги испрати конечните резултати до Собранието е утре (петок) до 19 часот.

Поврзани објави
Total
0
Share