Де Брујне дојде до 100 -ти гол во дресот на Сити, шампионот се израмни со Ливерпул на врвот на табелата

Фудбалерите на Манчестер Сити се изборија за триумф над Кристал Палас од 4-2 во мечот со кој беше отворено 32. коло во англиската Премиер лигата.„Граѓаните“ посакуваат триумф со кој ќе го префрлат притисокот врв главните против кандидати за титулата (Ливерпул и Арсенал), а во исто време и да го положат последниот испит пред соочувањето со Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Бранителот на пехарот ја оствари посакуваната цел иако противникот прв дојде до водство преку Матета во 3 минута. Одговорот на избраниците на Гвардиола стигна во продолжението, Де Брујне со атрактивен погодок во 13 минута го израмни резултатот за да во вториот дел Луис и Халанд донесат пресврт и водство од 3-1.На 4-1 зголеми Де Брујне за кого ова беше јубилеен 100- ти погодок во дресот на клубот од Манчестер.

Поврзани објави
Total
0
Share