Maтурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Вториот екстерен испит е изборен, а матурантите можеа да бираат кој предмет ќе го полагаат – англиски јазик, математика, германски јазик, француски јазик, естетика, руски јазик и филозофија.

Најголем дел ќе полагаат англиски јазик или 13 198 матуранти. Испит по математика ќе полагаат 1 356 ученици, 114 матуранти ќе полагаат германски јазик, француски ќе полагаат 37 ученици, а предметот естетика за полагање го избрале 84 ученици. За полагање на руски јазик и филозофија се пријавиле по еден ученик во државата.Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит од државната матура – мајчин јазик (македонски, албански, турски).Државниот испитен центар (ДИЦ) треба да ги објави резултатите од двата екстерни испита најдоцна до 8 јули.Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6 341 матуранти од гимназии, 8 230 од стручни и 263 од уметнички училишта. Оние кои во јунската сесија нема или нема во целост да ја положат матурата ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.Годинашното полагање на испитите од државната матура за првпат се одвива во поголемите училишни простори како холовите или спортските сали поради поголема контрола.

Поврзани објави
Total
0
Share