Шеесет години постоење на Уставен суд е само потврда на капацитетите на нашиот систем и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава.
Согледувајќи ја уставно правнaта матрица, не може а да не се констатира дека волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии, рече Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
На отворањето на денешната меѓународна конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мисла и слободата на јавно изразување на мислата“ по повод одбележување 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија, Кацарска посочи дека нашата држава, минувајќи низ неколку уставни трансформации, бележи континуиран развој.
– Самиот факт што овој јубилеј е двојно подолг од нашата самостојност како држава упатува дека чуварите на Уставот, низ сите премрежја и комплекси, покажале детерминираност и наклон кон правните принципи и вредности, рече таа.