Kаевски: Граѓаните избираат меѓу надеж и просперитет

Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ, обвини денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски. Според него, над 80% се истите пратеници.

-Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата. Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата. Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад, рече Каевски, додавајќи дека „изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“,рече Каевски.

Поврзани објави
Total
0
Share