Eвропа им посакува добредојде на возачите на автобуси од Mакедонија

НАД 300 ВОЗАЧИ АПЛИЦИРАЛЕ  ДА ЗАМИНАТ ВО ГЕРМАНИЈА, ДАЛИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ БИДЕ ХАОС?

Ова е можеби последната тура за Енвер Амети, возач на автобусот број 19, кој речиси 20 години вози по скопските улици. Неговиот план е да ја напушти земјата и да почне да вози во Германија.

„Ни се јавија од една во фирма од Германија. Понудија подобри плати и подобри услови. Има над 300 возачи кои се пријавени. Се очекува да заминат следниот месец. И јас се пријавив, но ќе видам“, нагласи Енвер Амети.

Тој вели дека со цената што  возат не можат да ги покријат ни трошоците за гориво за автобусот.

Мора да се финансираме од некаде за да се грижиме за семејството. Сега немаме средства. Добиваме минимален приход. Не можеме повеќе да издржиме“, нагласи Енвер Амети.

Од Јавното претпријатие велат дека досега си заминале 26 работници и дека во моментов има доволен број за редовно одржување на линиите на јавниот превоз.

“ЈП Скопје редовно ги исплаќа обврските кон приватните превозници. Од 1 јануари 2023 година поради право на пензија заминале 26 возачи. Во овој период, по шпекулациите за заминување на голем број возачи од ЈП, до денеска ниту еден возач нема поднесено барање за оставка“, велат oд JП.

Контактиравме со компанијата наречена MVG. За да аплицирате, потребни ви се само возачка дозвола и пасош. Посредникот е поранешен возач од Македонија.

Нема повеќе место за аплицирање бидејќи бројот е пополнет. Но оваа сабота ќе бидам во Скопје и ќе бидете подобро информирани. Возачите прво доаѓаат во Словенија, потоа во Германија, платата оди до 2600 евра“.

Додека Узеир Амети вели дека младите ја напуштаат државата поради несоодветните услови во земјава и дека тешко се справува со недостигот на возачи.

„Голем проблем е што младите си заминуваат. Поради лошите условите заминуваат во Европа. Како ќе се справиш со ова како стар возач? Тоа е голем проблем. Пред се, имам два сина и овој занает не им го оставив на нив“, нагласи Узеир Амети.

За целото незадоволство од јавниот превоз, градоначалничката ги обвинува советниците. Таа вели дека сите проекти што ги ветила ќе се реализираат само доколку советниците не ја пречат работата на Советот на Град Скопје.

„Ако имаат совест советниците, апелирам да гласаат за оваа одлука во интерес на граѓаните. Ова не треба да има политичка позадина. – Дали ќе ги реализирате сите проекти што ги ветивте во предизборната програма? „Сите проекти кои беа ветени во програмата како градоначалничка ќе се реализираат. Единственото нешто што може да се случи е ако овој состав може да го блокира“, нагласи Данела Арсовска.

Според информациите на Клан М, веќе дел од возачите тргнале на пат за Словенија за да ги средат документите и потоа ќе продолжат да возат во Германија./KlanMacedonia

Со овој прилог, ТВ Клан се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share