50 милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Европската комисија обезбеди позајмици за Северна Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата.

Еврокомисијата, овие средства треба да ги обезбеди како дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.

Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд за Северна Македонија. Тоа ќе и помогне на земјата да напредува на нејзиниот европски пат.

Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша.

,,Северна Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање на независен фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги подобри јавните приходи, Северна Македонија усвои мерки за даночна политика кои ја прошируваат даночната основа. Владата, исто така, постигна дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На крајот, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството”, велат од  Европската комисија.

Инаку целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вредност до 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува на располагање втора транша во истиот износ, a нејзиното исплаќање ќе зависи од напредокот од искористувањето на првичните средства.

Макрофинансиска помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со земјите од соседството наменет како исклучителен инструмент на Унијата за одговор на кризи, кој им е достапен на државите опфатени со процесот на проширување, како и на земјите од поширокото европско соседството што имаат сериозни проблеми со платниот биланс.

Предлогот на ЕК за оваа операција на макрофинансиска помош за Северна Македонија беше одобрен од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 12 јули минатата година.

Од 2020 година, па со се последните 50 милиони евра, ЕУ на земјава досега и исплати околу 210 милиони евра поддршка во рамки на макрофинансиската помош.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share