320 набљудувачи на изборите ,ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија

Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Старк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22-ри избори во Северна Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува.

Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година. -ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори.

Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти.

Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство.

Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група.

Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Старк.

Покрај главниот тим, ќе има група на долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.

-Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите.

Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите.

Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Старк.

На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефот на набљудувачката мисија вели дека се уште се во фаза на анализирање.

Поврзани објави
Total
0
Share