30 дневен притвор за судијата Георгиев

Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев кој се сомничи за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случај на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана.

Мерката за Георгиев е прифатена по барање на обвинителството.Александар Тумановски, адвокат на Георгиев, вели дека неговиот клиент се брани со молчење, оти е наместен во целиот случај и најави жалба против одлуката.

Истрагата е во тек и други детали не се соопштуваат.

Поврзани објави
Total
0
Share