271 казни за брзо возење

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден спровеле акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани објави
Total
0
Share