181 санкционирани возачи во Скопје, 117 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол.

Поврзани објави
Total
0
Share