177 санкции за прекршоци на пешаци

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спровело сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 177 пешаци од кои, 139 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 131 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Поврзани објави
Total
0
Share