170 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека спровеле акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Поврзани објави
Total
0
Share