15 загинати во уривање на дел од станбен блок во Белгород

Руското Министерство за вонредни ситуации рано утринава соопшти дека 15 лица загинале во Белгород, кога се урна дел од станбен блок како последица на украински ракетен напад.

Во нападот што се случи вчера, фрагменти од ракета од времето на Советскиот Сојуз, лансирана од Украина a соборена од Русија, паднаа на станбен блок, предизвикувајќи уривање на дел од зградата.

Како што соопштија руските власти, Украина изврши масовен ракетен напад, кој вклучува балистички ракети Тточка и повеќе ракетни системи Адлер и РМ-70 Вампир (МЛРС).

Руското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку 12 проектили биле вклучени во нападите на Белгород, кои ги нарече „терористички напад врз станбени области“, пренесува Ројтерс.

Поврзани објави
Total
0
Share