149 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерачниот ден спровело сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 149 пешаци од кои, 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 106 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Поврзани објави
Total
0
Share