137 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дрка во текот на вчерашниот ден  спровело акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани објави
Total
0
Share