Според британскиот Би-Би-Си, кој се повикува на првиот човек на воениот округ Харков Олег Синегубов, црниот биланс се зголемил на 11 лица, шестмина загинале на лице место, најмалку 40 се ранети, а 16 лица се водат како исчезнати.Откако руските сили ја нападнаа продавницата, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат поголема заштита од воздушни напади.Од друга страна, рускиот град Белгород претрпе ракетен напад во кој загинаа три лица, а 10 се повредени, соопшти гувернерот Вичеслав Глатков.Унгарија го блокираше одобрението на ЕУ за користење на средствата добиени од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина, изјавија за Фајненшл тајмс пет амбасадори од земјите-членки на ЕУ. Станува збор за 190 милиони долари.Војската на Украина во Доњецк соопшти дека соборила уште еден руски авион Су-25, осми по ред во изминатите 20 дена, што го потврди и Зеленски.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.
Поврзани објави
Како Брисел реагира на непослушниот Орбан
Унгарија повторно го тресе Брисел… Беше јасно од самиот почеток на шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на…
17.07.24 08:30
Најмалку 52 жртви на топлотниот бран во Њу Делхи
ајмалку 52 лица ги загубија животите во Њу Делхи во интензивниот топлотен бран, јавија денеска локалните медиуми. Според…
20.06.24 07:01
По Северна Кореја, Путин во посета на Виетнам
По посетата на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин синоќа пристигна во посета на Ханој, главниот град на…
20.06.24 06:59