Шверц со луксузни автомобили, инволвирани и пет службеници на МВР

САРАМАНДОВА: 18 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, 2 ЛИЦА ВО БЕГСТВО

ОЈО по спроведената претходна постапка, поведе истражни постапки против 8 лица за сторени кривични дела – трговија, прикривање одземена стока и царинска измама, компјутерски фалсификат и фалсификување исправи. Уште 12 лица се осомничени за кривични дела кои се гонат по скратена постапка. Меѓу осомничените се и 5 службеници на МВР.

Основното Јавно Обвинителство поведе постапка против 20 лица за шверц на луксузни автомобили, известува КланМ.

Петмина од лицата за кои е започната истражна постапка се вработени во МВР. Наташа Сарамандова, обвинителката на предметот, како што пренесува КланМ, изјави дека лицата шверцувале луксузни возила.

НАТАША САРАМАНДОВА, ОБВИНИТЕЛКА

“Во моментов 18 лица се лишени од слобода, две лица избегаа. Ќе се бара апсење за 8 лица. Оваа кривична пријава е за 15 возила, осносно 14 автомобили и еден мотоцикл. Станува збор за 20 инволвирани лица, две лица се веќе пријавени, пет лица се службени лица вработени во МВР, останатите се физички лица кои нашле начини да го извршат ова кривично дело. Едното е правно лице.“

Утрово полицијата во Скопје, Битола и Ресен изврши рации на повеќе локации.

Сите возила биле од Западна Европа, а повеќето биле украдени или земени преку рент-а-кар сервис, соопшти обвинителството.

За овие возила, како што пренесува КланМ, отворени се истражни постапки и во други европски земји, кои нелегално биле внесени дури и со фалсификувани документи и лажни возачки дозволи. За да се сокрие делото, тие биле продадени на други лица по многу пониска цена, само за да се сокријат трагите и потоа да му се вратат на лицето по вистинската цена.

Поврзани објави
Total
0
Share