Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Денеска во Србија ќе биде пречекан претседателот на Кина Си Џипинг по децениска пауза. Претседател Александар Вучиќ, пред неговата посета во Белград, изјави дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели.Вучиќ за кинеските извори, изјави дека Србија е во исчекување на посетата на кинескиот претседател и верува дека средбата ќе биде во интерес на двете држави.,,Има една важна работа, а тоа е договорот за слободна трговија што го потпишавме во Пекинг. Тоа е многу важен договор за нас. Затоа што сега постигнавме вкупна трговска размена од 6,1 милијарди долари меѓу двете земји. Верувам дека тоа ќе го удвоиме или ќе биде за три пати повеќе во следните 10 години или дури и повеќе од тоа” изјави српскиот претседател.

Поврзани објави
Total
0
Share