Села: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во Европската унија, тоа се двата правца, вели лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во интервју за МИА.Во интервјуто снимено во пресрет на парламентарните избори, Села останува на ставот дека треба прво да се донесат уставните измени, а потоа да се формира Владата. Дебатата околу уставните измени, како што посочува, е завршена и треба само да се гласа.

,,Откако ќе се направи новото мнозинство, треба да седнеме и да ги изгласаме уставните измени. Од формално-правен аспект немаме никаков проблем бидејки фактот дека ќе се случат избори не значи дека ќе имаме нова држава. Истата држава е и продолжуваат седниците од минатиот состав на Собранието и ние можеме да ги гласаме уставните измени. Тоа би бил условот за креирање на новата Влада,” вели Села.

Евроинтеграцијата останува приоритет за Алијанса за Албанците, а според Села, руската агресија во Украина донела олеснителни околности околу зачленувањето на земјите од Западен Балкан во Европската унија и како држава треба да го искористиме тој момент.

,,Тоа е услов. Треба да им биде јасно на сите граѓани, треба да им го кажат на сите политички актери кои одат пред нив и велат дека ако ги добиеме гласовите и мнозинството ќе го промениме договорот и.т.н. Тоа е услов – или го прифаќаш или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ. Тие се двата патишта. Сите политички актери кои излегуваат пред граѓаните со програма за зачленување во Европската унија треба да бидат подготвени првиот ден кога ќе се состави новиот Парламент да гласаат за уставните измени и да продолжиме. Мислам дека руската агресија во Украина донесе олеснителни околности околу зачленување во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Ние треба да го искористиме овој момент бидејќи многу полесно ќе ни биде за да бидеме рамноправна членка на ЕУ, нагласува Села.

Како партија очекува на претстојните парламентарни избори да освојат минимум пет пратенички места, а тој број, вели, би бил поголем во зависност од тоа колку пратенички мандати ќе освои коалицијата Европски фронт.

За повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за национално единство, Села вели дека Мицкоски треба да појасни на какво единство мисли, а доколку станува збор за повик за национално обединување на Македонците, тогаш прави грешка затоа што тоа ќе доведе до национална поделба.

,,Мицкоски треба да даде објаснување дали ова е по наредба на некои сили кои сакаат нестабилност во државата, вели Села.– Знаете што, претседател на партија има право да повикува на обединување околу програма и платформа. Што подразбира под национално е друга тема, ја повикува само една националност или ги повикува сите етнички заедници како што сега стои во Уставот. Значи треба да појасни. Ако се повикува на национално обединување само на Македонците, мислам дека греши бидејќи тоа национално обединување ќе доведе до национално делење што не е здраво за никоја етничка заедница, а ниту за државата ниту за регионот. За жал тој треба да даде објаснување дали ова е по наредба на некој, дали сили кои сакаат нестабилност во Македонија даваат такви наредби за да има таков политички дискурс на политичката сцена за овие избори. Тоа е штетно за секој граѓанин и како политичари прво треба да размислиме како луѓе, како родители и одговорно треба да се однесуваме и во политиката, истакнува Села.

Поврзани објави

Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја

Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет,…
Повеќе

Пребројани 99,82 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 560 170 гласа, а Стево Пендаровски 251 541

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова има над 300 илјади гласови предност пред нејзиниот противкандидат Стево…
Повеќе
Total
0
Share