Владимир Путин по петти пат положи заклетва и одново стана претседател на Русија. По Сталин, тој е лидер со најдолго владеење во Кремљ.На свечената церемонијата, Путин се заколна дека ќе ги почитува и брани Уставот и законите. Во време кога неговата земја води војна во Украина, Путин им се заблагодари на војниците, во како што ја нарече, специјалната воена операција. Во својот инаугуративен говор кажа и дека руските интереси ќе бидат негов приоритет, но и дека Русија нема да одбие дијалог со Западот.,,Бевме и ќе бидеме отворени за зајакнување на добри односи со сите земји, кои ја гледаат Русија како доверлив и чесен партнер и тоа навистина е глобално мнозинство. Не го отфрламе дијалогот со западните држави. Изборот е нивен. Дали имаат намера дополнително да се обидат да го спречат развојот на Русија, или да продолжат со политиката на агресија, со години бескраен притисок врз нашата земја или да бараат начин кон соработка и мир? Повторувам, дијалогот, е можен, вклучително и за безбедноста и стратешката стабилност но не од позиција на сила”, изјави Владимир Путин, претседател на Руската федерација.
Поврзани објави
Си-Ен-Ен: Смртта на Раиси доаѓа во тешко време за Блискиот Исток и самиот Иран
Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи во хеликоптерска несреќа доаѓа во особено тешко…
20.05.24 08:07
Азербејџанскиот претседател му понуди помош на Иран
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека е длабоко погоден од веста за падот на хеликоптерот на иранскиот претседател,…
19.05.24 18:23
Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси
Црвената полумесечина соопшти дека е утврдена точната локација на падот на хеликоптерот и дека спасувачите ја пребаруваат областа…
19.05.24 18:19