Лејкерси ја прекинаа црната серија против Денвер, Бостон го врати брејкот во Мајами

Денвер не успеа да ја заврши серијата со Лос Анџелес Лејкерс во четири натпревари, а Ентони Дејвис и ЛеБрон Џејмс му обезбедија барем уште еден натпревар на својот тим во плејофот.Лејкерси со триумфот 119:108 во четвртиот натпревар намалија на 3:1 и ја прекинаа серијата од единаесет порази по ред во дуелите со актуелниот шампион, а на Денвер не му помогна уште една одлична вечер на Никола Јокиќ.Српскиот центар испорачал трипл-дабл со 33 поени и по 14 асистенции и скокови, а во тимот на Денвер се истакнале и Портер со 27 и Мари со 22 поени.Џејмс реализирал 30 поени, додека Дејвис имал фантастичен дабл-дабл со 25 поени и 23 скокови на оваа средба.

На истокот, Бостон славеше на гостувањето кај Мајами, враќајќи го брејкот и поведувајќи со 2:1 во оваа серија.Екипата со најдобар ефект во регуларниот дел од сезоната била убедлива (84:104), а најдобри реализатори биле Браун и Тејтум со по 22 поени.Претходно, Оклахома Сити одработе уште една рутинска победа над Њу Орлеанс (85:106) и веќе води со 3:0 во оваа серија.

Поврзани објави
Total
0
Share