Косовец приведен поради управување украдено возило кое се бара во Холандија

Полицијата синоќа, во 19.30 часот, на Граничен премин „Долно Блаце“ го лишила од слобода Ш.К.(38) од Косово.

Како што соопшти МВР, при преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека тоа било украдено и за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани објави
Total
0
Share