Ковачевски: Вучиќ лично ќе се извини доколку некој македонски граѓанин е навреден

Српскиот претседател Александар Вучиќ на разгововорот во Атина ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини. Ваква порака вчеравечер на Фејсбук испрати премиерот Димитар Ковачевски откако спрскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на С Македонија и на Црна Гора.

Претходно на изјавата реагираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој објави дека „Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово“.

-Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, додава Османи во објавата на Фејсбук.

Набрзо по ова, спрскиот министер во одговор до Османи на социјалната мрежа Икс напиша дека „и покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи и оти подрршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна“.

-Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (суи генерис) не е уникатен случаји дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ.

Вучевиќ, меѓудругото, вчера оцени дека постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

-Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи, рече Вучевиќ.

Во Атина се одржува неформален состанок на лидерите на Западен Балкан, на кој присуствува и претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, организиран од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Поврзани објави
Total
0
Share