Израелската влада ја забрани работата на Ал џезира

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да ја прекине работата на новинската агенција Ал џезира додека трае војната во Газа, тврдејќи дека катарската медиумска куќа е закана за националната безбедност.

„Провоцирачкиот канал Ал џезира ќе згасне во Израел“, порача Нетанјаху преку социјалните мрежи по едногласната одлука на израелската влада.Владата соопшти дека израелскиот министер за комуникации ја потпишал одлуката „да се дејствува веднаш“, но дела од аналитичарите сметаат дека Ал џезира сè уште може да се обиде да ја блокира забраната на суд.Шефот на Ал џезира во Израел и на Палестинските територии ја нарече израелската одлука „опасна и мотивирана“. Валид Омари за Ројтерс порача дека правниот тим на Ал џезира подготвува професионален одговор.Ал џезира ја финансира владата на Катар, а тој медиум е критичен кон израелската војна во Газа за која секојдневно известува. Израелскиот парламент минатиот месец ратификуваше закон кој овозможи привремен прекин на работата на странските медиуми кои се сметаат за ризик за националната безбедност.Одлуката тогаш ги загрижи и Соединетите Американски Држави, најголемиот израелски сојузник. „Ако тоа е вистина, тој потег е загрижувачки“, кажа портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер. Ал џезира ги отфрла обвинувањата дека е закана за националната безбедност на Израел, порачувајќи дека станува збор за обид за замолчување.Законот на владата ѝ овозможува да ја прекине работата на медиумите на 45 дена, но може и да го обнови тој период.

Поврзани објави
Total
0
Share