Зеленски ѝ ја честиташе победата на Силјановска

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори и посака успешен мандат.

-Честитки за Гордана Сиљановска Давкова за нејзината убедлива победа. Ѝ посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа, напиша Зеленски синоќа на Х.

Поврзани објави
Total
0
Share