Загубиле контрола врз едрилица поради невреме – езерската полиција спаси пет лица во Охридското Езеро

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” синоќа спасија пет лица од едрилица во Охридското Езеро, откако сопственикот на пловниот објект загубил контрола поради невремето.

„Постапувајќи по пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19:25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија“, соопшти МВР.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, посочуваат од МВР.

Поврзани објави
Total
0
Share