Европскиот фронт се проширува и со Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари

Телевизијата Клан Македонија, ексклузивно дознава дека Курто Дудуш, поранешен пратеник, а моментално градоначалник на општина Шуто Оризари oд Скопје, денеска се сретнал со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Според информациите, Ахмети и Дудуш се договориле Дудуш да се приклучи кон Европскиот фронт.

Инаку, пред неколку дена, партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети, додека утре на Европскиот фронт се очекува да му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа, преку потпишување на коалициски договор во Тетово со почеток во 12:00 часот во Домот на културата.

Поврзани објави
Total
0
Share