ДИК:До 19 часот излезеноста е 46,31% за претседателските , 53,30%за праламентарните избори

Излезеноста до 19 часот за претседателски избори е 46,31 отсто според пристигнатите податоци од над 92 отсто од избирачките места, кажа претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на прес-конференција.

Најголема излезеноста има во Новаци – 72,76 отсто, а најмала во Липково – 7,35 отсто. Споредено со првиот круг намалувањето на излезноста е 3 отсто.

За парламентарни избори, излезеноста е 53,30 отсто според пристигнатите податоци од над 92 отсто од избирачките места. Најголема излезност има во Новаци – 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа – 18,62 отсто. Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување од 7,43 отсто.

По изборни единици, излезноста е

И.Е 1 – 59,32%,

И.Е 2- 52,39%

И.Е 3 – 57,77%

И.Е 4 – 58,36%

И.Е 5 – 50,91%,

И.Е 6 – 40,40%.

Поврзани објави
Total
0
Share