Беса е нов прволигаш, победа за Пелистер кој исто така чекори кон елитата!

Фудбалерите на Беса со убедлива победа од 4-0 над Охрид и теоретски го обезбедија својот прволигашки статус од следната сезона.Хет-трик постигна Емир Скендери, а конечниот резултат го постави Октај Ракипи во 69. минута, со што официјално означи Првата лига за својот тим.И Пелистер запиша лесна победа во пресметката со Тетекс од 3-0 пред своите навивачи. Со головите на Бојан Спиркоски во 4. минута, Симеон Христов во 21. минута и Благоја Љамчевски во 52. минута битолчани дојдоа до нови три бода.Третопласираната Детонит Плачковица на домашен терен не успеа да го совлада тимот на Каменица Саса ремизирајќи без голови.Арсими со 2-0 го победи Башкими, со головите на Аљбин Рамадани во 18. и Емран Рамадани во 60. минута од средбата.Скопје ремизираше (1-1) со Победа, а Вардар Неготино славеше убедливо со 3-0 против Осогово.Беласица славеше со 0-4 против Караорман со головите на Никола Талески, Петар Гугуљанов, Костадин Капсаров и Александар Милушев. Кожуф го победи Новаци со 2-1.

Поврзани објави
Total
0
Share