Бектеши со покана за Мицкоски: Да ја посетиме заедно во кичево компанијата на Шкумбин Ахмети!

ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА СО ОБВИНУВАЊА КОН ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува обвинувања кон ДУИ, како што велат, ако Кланот Зајази преку Трговскиот центар „Соравија“ има милионска корист, пренесува КланМ.

Според опозицијата, не се точни тврдењата дека „Соравија“ работи со загуба и со големи кредити. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат да се истражи купопродажбата на овој трговски центар.

ДРАГАН КОВАЧКИ, ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

“Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат и да кажат дали е платен данокот на промет на „Соравија“ и како е извршена трансакцијата? Внукот на Ахмети освен што не платил ниту денар за “Соравија“, не платил ниту данок на промет“?

ВМРО-ДПМНЕ се претвори во фабрика за лажни вести и гебелзиска пропаганда – велат од ДУИ, спомнувајќи како што пренесува КланМ, соопштението на ДУИ, лажните вести за албанскиот јазик, мигрантите, Договорот од Преспа, инфлацијата, Коридорот 8, енергетската криза, пандемијата, наводите за корупција и слично.

ДУИ

ДУИ ги повикува сите политички партии да ја потпишат иницијативата во Јавното обвинителство и во меѓународните институции за целосна истрага на сите наши функционери, власта и опозицијата, во последните 20 години и да го поддржат целосниот ветинг во политиката, судството и обвинителството.

Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши, како што соопштува КланМ, упатил јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со новинарите да оди да ја посети компанијата на синот на Али Ахмети, Хекуран Ахмети и јавно да се претставуваат документите на неговата компанија.

КРЕШНИК БЕКТЕШИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА

“Ако има храброст за тоа што го зборува, од денеска кога ќе има време, ќе ја адаптирам мојата агенда, ќе одиме во Кичево заедно со медиумите во канцеларијата на Шкумбин Ахмети и јавно ќе ги презентираме сите работни документи на компанијата, од нејзиното формирање до денес“.

Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети, како што соопштува КланМ, Бектеши рече дека двајцата потпретседатели на оваа партија Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски треба да имаат повеќе информации за тоа како се избрани економските промотори, бидејќи, како што рече, и двајцата биле на високи владини функции.

Поврзани објави
Total
0
Share