Џејмс и Дејвис ја урнаа Минесота, Филаделфија и Њујорк, го одиграа натпреварот со најмал број на поени оваа сезона

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс како домаќини во натпреварот од НБА лигата ја победија Минесота со 120:109, а вечерта ја одбележа Ентони Дејвис кој испиша историја.

Тој стана првиот играч кој ја надмина границата од 25 поени, 25 скока и пет украдени топки – натпреварот го заврши со 27 поени, 25 скока, пет асистенции, седум украдени топки и три блокади. Остин Ривс постигна 19 поени, Руи Хачимура 15, а Д’Анџело Расел додаде 13 за Лејкерс. Наз Рид и Ентони Едвардс постигнаа по 25 поени за Тимбервулфс, кои останаа без Карл-Ентони Таунс (колено) трет натпревар по ред.последната минута од натпреварот. Тој го повреди десното колено и требаше на прегледи во понеделник. Сенгун оваа сезона има просек од 21,2 поени по натпревар и 9,4 скока.

Во мечот со најмал број на поени сезонава во НБА лигата, Филаделфија 76ерс на гости ги совладаа Њујорк Никс со 79:73. Најдобар поединец од Сиксерс беше Кели Оубре Џуниор. со 18 поени, 10 скока и три украдени топки, Пол Рид додаде 13 поени, а Тобијас Харис 11 поени и 12 скока. Ова е првпат од 2016 година ниту еден тим во НБА натпревар да не ја достигне границата од 80 поени.

Синоќа на домашен терен беа поразени Лос Анџелес Клиперс, од нив подобри беа Милвоки Бакс со 124:117. Победничкиот тим го предводеа Демијан Лилард кој постигна 35 поени и Јанис Адетокумбо со 34. Лилард и Адетокумбо завршија со по седум скока и двоцифрени асистенции. Малик Бисли додаде 17 поени. Норман Пауел беше најефикасен кај Клиперс со 26 поени, кои останаа без повредените Пол Џорџ и Кави Ленард.

Оклахома Сити Тандер на домашен терен ги совладаа Мемфис Гризлис со високи 124:93. Шаи Гилџеус-Александер постигна 23 поени, а дебитантот Кејсон Валас постигна 23 за Оклахома, која ја освои третата последователна победа.
Хјустон Рокетс, откако се вратија од негатива од 13 поени, ги победија домашните Сакраменто Кингс со 112:104, но веројатно извесен период го загубија својот најдобар стрелец. Турчинот Алперен Сенгун мораше да го напушти теренот во инвалидска количка по тежок пад во последната минута од натпреварот. Тој го повреди десното колено и ќе биде подвргнат на прегледи во понеделник. Сенгун оваа сезона има просек од 21,2 поени по натпревар и 9,4 скока.

Њу Орлеанс Пеликанс на гостински терен ги победија Атланта Хокс со 116:103, а до победата ги предводеа Треј Марфи Трети со 28 поени и Зион Вилијамсон со 27 поени. Кај Атланта најдобар со 25 гола беше Богдан Богдановиќ кој постигна седум тројки.
Вашингтон Визардс го победија и Мајами Хит со 110:108 на гостински терен. Кајл Кузма постигна рекордни сезонава 32 поени и додаде девет скока, четири асистенции и две блокади за да го одведе Вашингтон до втората последователна победа по серијата од 16 порази.

Индијана Пејсерс беа подобри од Орландо Меџик со 111:97. Индијана беше предводена од Тајрис Халибартон и Паскал Сиакам, кои постигнаа по 20 поени за Индијана, која се опорави од негативата од 15 поени на почетокот на втората четвртина.

Бруклин Нетс ги совладаа Кливленд Кавалирс со 120:101. Кај Нетс, кои по оваа победа дојдоа три и пол натпревари зад десеттото место кое води во плеј-ин во Источната конференција, Кам Томас беше најдобар со 29 поени.

Поврзани објави
Total
0
Share