Јувентус тргнува во офанзива по Лукаку

Јувентус е подготвен да почне официјални преговори за да го интензивира трансферот на Ромелу Лукаку, кој ќе биде прво засилување на Џунтоли како спортски директор на најтрофејниот италијански клуб. „Црно-белите“ нема да играат во Европа што ќе влијае на нивниот буџет, па Џунтоли ќе биде принуден да го продаде Душан Влаховиќ како играч со највисока вредност на пазарот, а на негово место ќе пристигне токму Лукаку.

Џунтоли отпатува со остатокот од екипата на турнејата во САД, но италијанските медиуми најавуваат дека директорот во следните денови ќе се врати назад во Европа за да комплетира неколку трансфери, дел од нив за заминувања, а дел од доаѓање на нови играчи во Јувентус.

Се очекува Влаховиќ да биде продаден за 80 милиони евра на ПСЖ, а потоа Лукаку да пристигне за двојно пониска сума меѓу „црно-белите“ од Торино. Начелен договор за 40 милиони евра беше постигнат уште минатата седмица, но се очекува Џунтоли во наредните денови да седне на маса, да постигне договор околу динамиката на исплатата, по што би го комплетирал овој трансфер.

Лукаку не отпатува со тимот на Челси во САД и тренира со Зијеш во Лондон, чекајќи што побрзо да бидат отстранети сите пречки за негов камбек во Калчо-лигата. Белгиецот веќе ги има договорено и личните услови, тригодишен договор за плата од девет милиони евра по сезона, што воедно беше и главна причина тој да не сака да се врати назад во Интер, каде понудата изнесуваше шест милиони евра годишно.

Поврзани објави
Total
0
Share