Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на
град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата
за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е
всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење
според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.07.2023 до 14.07.2023 зема 191
примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода
за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ
на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен
весник на РМ, бр.183/18).