Ја докажа својата невиност по скандалот за силување, а сега бара огромна отштета од Сити

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Бенжамин Менди, преку своите адвокати достави барање за парична компензација од клубот, поради суспензијата што ја доби додека ја докажуваше својата невиност во обвинениата за повеќекратни силувања, јавува „Л’Екип“.

Фудбалерот не смееше да тренира со тимот и беше исклучен од сите активности на „граѓаните“, но откако судот ги отфрли сите обвиненија против него, тој се реши да си ги побара сите неисплатени плати кои му следуваа со важечкиот договор.

Менди стана слободен човек на 14 јули, а набгру потоа потпиша со францускиот прволигаш Лориен, кој му понуди договор со траење до 2025 година. Играчот скоро две години не беше во тренажен процес, па останува да видиме во каква форма ќе ги пречека предизвиците во Лига 1.

Адвокатите на Менди имале средба со челниците на Манчестер Сити и побарале отштета во износ од околу осум милиони евра. Тука се вклучени сите плати, плус бонусите кои тимот ги активираше со освојувањето на сите титули минатата сезона. Англиските медиуми пишуваат дека ситуацијата за Сити е комплицирана, затоа што клубот сега по ниеден основ не може да не ја исплати оваа сума. Се претпоставува дека двете страни ќе се договорат за помал износ, но сумата што Менди би ја добил, не би била помала од четири милиони евра.

29-годишниот фудбалер беше вмешан во еден од најголемите скандали во Англија и беше обвинет за силување на повеќе од петнаесет девојки. Тој изјави дека потрошил огромни средства за неговата одбрана и сега очигледно сака да „наплати“ од неговиот поранешен клуб, кој немаше доверба во него и веднаш го исклучи од првиот тим.

Бенжамин Менди кариерата ја започна во Ле Авр, а потоа играше уште за Олимпик Марсеј, Монако и Манчестер Сити. Со потписот за Лориен, Французинот се враќа во родната земја после шест години.

Поврзани објави
Total
0
Share