Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево

На 11-ти септември 2023 година амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја
присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП
во Општина Кичево.


Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир
Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите и прозорците
во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во
ова основно училиште се значително подобрени.

Во својот говор амбасадорот Отцука истакна: “Веруваме дека инвестирање во
образованието е инвестиција во иднината.

И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ. ”


Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, г-дин Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ.
Директорот на училиштето, г-дин Горан Карафилоски, откако им ги претстави
резултатите од реконструкцијата на гостите, ги доведе до главната сала каде што
сите уживаа во изведбата што учениците ја подготвија за оваа прилика.
Преку GGP програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и
обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени
институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52
општини.


Севкупно, Јапонија ја поддржа Северна Македонија во различни сектори како што се
развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието,
животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и
итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга
нефинансиска поддршка.


Амбасада на Јапонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share