Јакимовски поднесе кривична пријава против непознато лице за ставањето на „црната листа“ на Стејт департментот

„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и најцисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраам максимално. Поднесов кривична пријава против непознат сторител до ЈО, оддел за органиизран криминал и корупција, и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија што јас ги знам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, рече Јакимовски.

На прашањето дека против него веќе постои обвинение и судење, кое поради измените на Кривичниот законик се враќа на повторно судење, Јакимовски вели има обвинение, но и има и сведок, кој, како што вели, е подготвен да сведочи за подготовката за неговото апсење, за договорите што биле вршени на највисоко ниво во државата.

Прашан да посочи кој е непознатиот сторител, Јакимовски не сакаше да открие детали, бидејќи, како што вели, имало неколку групи и рече дека не може да обвини ниедна политичка партија.

Поврзани објави
Total
0
Share