Јакимовски за Клан дебата: Не сум марионета, очекувам да влезам во втор круг

Кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски во гостувањето во емисијата Клан дебата потенцира дека тој не е ничија марионета и дека на претседателските избори не се кандидира за да му прави ќеиф или пак да му смета на Мицкоски. Мојата кандидатурата, рече Јакимовски е продолжение на политичката кариера. Тој очекува да влезе во вториот круг од претседателските избори.

Говорејќи за поранешните претседателски избори, Јакимовски рече дека во минатото имало многу добри кандидати предложени од политичките партии на албанците како што се Имер Селмани и Блерим Река и дека со реторичка битка може да се дојде до добри решенија. Тој очекуваа поддршка од сите етнички заедници на изборите.

Јакимовски смета дека виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека е неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта.,, Недозволиво е да се тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и македонците и албанците”,рече Јакимовски. Тој очекува поголемо учество на албанците во власта за да водат сметка за зголемување на ефикасноста во работењето на администрацијата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share