Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ пред очите на цела јавност излегоа во алкохолизирана состојба и едвај го прочитаа тоа што го напишале

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски се огласи по вчерашната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за резултатот на изборите на првиот човек на ГРОМ.

-Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако и јас можам да бидам по вицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт. Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период. Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските према добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати, му порачал Јакимовски на Муцунски.

Веројатно тактиката му е добра зошто, додава Јакимовски, градоначалничката фотеља е жешка, бара да бидеш добар менаџер, да имаш трпение во работата со граѓаните и да наоѓаш решение за нивните проблеми.

-Од синоќешните резултати јас бев шокиран од нискиот број на гласови, а неговата партија пак од преголемиот број на гласови. Но, прв излегов го признав поразот и честитав на водството на нивниот кандидат. Како што доликува на еден претседателски кандидат. За разлика од мене тие пред очите на цела македонска јавност излегоа во алкохолизирана состојба, ги валкаа зборовите и едвај го прочитаа тоа што го напишале. Јас знам да се носам и со победите и со поразите. Нив, власта секогаш ги опијанува, а мене никогаш, истакна градоначалникот на Карпош преку објава на социјалните мрежи.

Поврзани објави
Total
0
Share