Јакимовски:Европа ја зафаќа воен вител,треба подотвеност за најлошо сценарио!

Јакимовски од Прилеп порача дека Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио!, рече кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.

,,Најновата војна отпочна помеѓу Иран заедно со своите сојузници против Израел и САД. Тоа јасно покажува дека живееме во едно тешко време и дека е многу битно кој ќе биде врховен командант на вооружените сили на Република Македонија затоа што за многу кратко може да се случи да влеземе во една страшна војна затоа што 2013 година НАТО на тло на Европа немаше ниту еден тенк денес има преку 3 илјади тенкови.Тоа јасно покажува дека Македонија и цела Европа може да ја зафати еден воен вител и како резултат на тоа мораме да бидеме максимално одговорни.Мојот апел како иден претседател на Република Македонија веднаш да се набавува оружје и муниција, веднаш да се зголеми сточниот фонд и производството на храна, да работи конзервната индустрија, да се обезбеди храна за живината за целата стока затоа што ако дојде до една сериозна војна на тло на Европа тоа значи дека ќе бидат затворени сите граници, ќе се запре извозот од секоја држава и ќе дојдеме во многу слична ситуација како онаа кога беше Ковид кризата. Одговорни субјекти, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има во предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио и ваквите стимулации за производство на храна, житарици, подигање на сточниот фонд мора да траат се додека не завршат овие опасности од воен вител да ја зафати цела Европа. – истакна Јакимовски.

Поврзани објави
Total
0
Share